Во период од 01 јануари до 31 октомври 2023 година, Регионалниот центар за шумарство и
рурален развој –РЕФОРД, заедно со
партнерските организации ЗГ Институт за зелени политики и
развој (ИЗПР), Здружение на еколозите НАТУРА Струга и Центар за одржлив развој на заедницата
Дебар (ЦСЦД) ќе го спроведува проектот “Управување со енергетско ефикасни општини”, со
финансиска поддршка од Цивика мобилитас, во износ од 4.475.971 МКД.
Општата цел на проектот е да придонесе кон поддршка на општините за унапредување на
праксите и процесите за енергетско ефикасно управување и надминување / ублажување на
последиците од енергетската криза, преку развој и споделување на добри практики и совети
базирани на докази.
Специфичната цел на проектот е мапирање на можностите за заштеда на енергија на општинско
ниво, јакнење на свесноста и градење на капацитетите на локалните чинители, за енергетски
ефикасно управување.