The Council for sustainable forest management in Republic of Macedonia - PEFC National Governance Body

Кои сме ние?

Советот за одржливо стопанисување со шумите во Република Македонија (Совет за ОСШ) е невладина организација кој како главна цел има промоција на одржливото стопанисување со шумите.

Воглавно промоцијата на ОСШ ќе биде направена преку:

• Одржување и развој на Македонската сертификациска шема за одржливо стопанисување со шумите според PEFC Council
• Промоција на PEFC шемата пред релевантни стејкхолдери
• Промоција и спроведување на Македонскиот шумарски национален сертификациски систем

За повеќе информации прочитајте на веб страната на PEFC International (pefc.org)

Почитувани,

На 22 и 23 август 2023 година, ќе се спроведува ревизија на одржливо стопанисување со шумите (ОСШ) во ЈП Национални шуми Подружница Ш.С. Малешево – Берово, шумско-стопанска единица Џами Тепе.

Ревизијата ќе ја спроведува сертификациското тело од Бугарија, MG Global.

Ревизијата опфаќа проверка на усогласеноста на стопанисувањето со барањата на PEFC национален стандард за ОСШ, PEFC MK 03:2020.

За таа цел се повикуваат засегнатите страни доколку имаат забелешки и поплаки за стопанисувањето со шумите во оваа шумско-стопанска единица, истите да ги испратат по електронски пат на:  p.t.dermendzhiev@gmail.com и на isavov@nqa.bg.

CERTIFICATE FOR ENDORSEMENT OF THE BALKAN FOREST CERTIFICATION SYSTEM

On the PEFC Council annual meeting organized in November this year, a certificate for endorsement of the Balkan Forest Certification System was issued to the Council for Sustainable Forest Management in the Republic of Macedonia.

The Balkan Forest Certification System was developed by the three PEFC National Government Bodies: from Slovenia, Bosnia and Herzegovina and North Macedonia. This will provide opportunity for other countries from the Balkan region to accept the principles and join the system and with that contribute to global efforts for sustainable management of forest resources worldwide.

До сите корисници на PEFC MK 03:2020, Стандардот за одржливо стопанисување со шумите во Северна Македонија!

Почитувани корисници,
Сите Ваши искуства, коментари и забелешки од спроведувањето на стандардот PEFC MK 03:2020, Ве молиме да ги споделите со нас на следната електронска адреса: pefcmk@gmail.com
Истите ќе бидат разгледани со внимание и ќе ни помогнат во процесот на ревизија на стандардот која се одвива периодично на 5 години и евентуално ќе придонесат во подобрување на неговата содржина.

📝 Процедура за чување на информации за искуства од спроведување на стандардот

Скопје, 07.11.2022 година
Совет за ОСШ во РМ

 

Преведен стандард PEFC ST 2002:2020, Chain of Custody of Forest and Tree Based Products – Requirements на македонски јазик

Советот за одржливо стопанисување со шумите во РМ го преведе стандардот на PEFC ST 2002:2020, Chain of Custody of Forest and Tree Based Products – Requirements.

Овој стандард е меѓународен и применлив за компаниите во Македонија, а воедно ги исполнува и барањата на ЕУ за пласман на производи од дрво на нивниот пазар.

На овој линк тука  може да го најдете преводот на текстот на македонски јазик. За повеќе информации може да се обратите на pefcmk@gmail.com или на телефон 071 292 004.

Ревидиран PEFC Национален стандард

Почитувани,

Во прилог последна ревидирана верзија на PEFC Национален стандард за одржливо стопанисување со шумите во Северна Македонија 28.10.2021 doc PEFC MK 03:2020

Скопје, 10.01.2022

PEFC Балкански систем за сертификација на шуми (PEFC BFCS) – извештај за развој на системот

Врз основа на постојната добра соработка на здруженијата на сопственици на приватни шуми на Балканот и сличната традиција во шумарството, како и трговската поврзаност, националните тела одговорни за управување со сертификацискиот систем на PEFC во Словенија, Македонија и Босна и Херцеговина изградија PEFC Балкански систем за сертификација на шуми (PEFC BFCS).

Во линкот подолу може да го прочитате официјалниот извештај за развојот на PEFC Балкански систем за сертификација на шумите.

📝PEFC BFCS извештај за развој на системот 

Скопје, 29.11.2021

Почеток на на јавна консултација по содржината на нацрт верзијата на македонскиот стандард за одржливо стопанисување со шумите според PEFC

Почитувани,

Во периодот на јуни и јули 2020, работна група составена од претставници на 16 институции и организации учествуваше во подготовка на работна верзија на македонскиот стандард за одржливо стопанисување со шумите (ОСШ) според барањата на PEFC (Programme for Endorsement of Forest Certification).

Согласно правилата на PEFC, работната верзија на стандардот за ОСШ поминува низ процес на јавна консултација со засегнатите страни.

Јавната консултација започнува на 03.08.2020 и ќе трае заклучно со 04.10.2020 година.

За таа цел Ве информираме дека Вашите забелешки по содржината на стандардот и Дефинициите кои се составен дел на истиот, како и предлози за подобрување и промена може да ги доставите по пат на електронска пошта на следната адреса: saso.petrovski@cnvp-eu.org или на pefcmk@gmail.com.

Притоа истите задолжително се поднесуваат преку формуларот кој е прикачен во овој меил и се бара аргументирано објаснување од Ваша страна за забелешката или предлогот кој го поднесувате. Примените забелешки и предлози ќе ги разгледа работната група и за резултатот (прифаќање или одбивање) по истите ќе Ве известиме повторно по електронска пошта.

За сите прашања може да се јавите и кај лицето задолжено за комуникација за времетраење на овој процес, Сашо Петровски на телефонскиот број: 071 292 004.

Во прилог се поставени линковите до Нацрт верзијата на стандардот за ОСШ и Формуларот во кој може да давате предлози или забелешки по содржината на стандардот.

📝 ПРОЦЕДУРИ ЗА РАЗВОЈ И РЕВИЗИЈА НА СТАНДАРДИ

📝 PEFC Национален стандард за одржливо стопанисување со шумите во Северна Македонија

📝 Формулар за коментари и предлози

ОБЈАВА

Почитувани,

Би сакале да Ве известиме дека Националните тела за управување со PEFC систем за сертификација на шумите во Словенија, Северна Македонија и Босна и Херцеговина започнуваат со развој на PEFC регионален систем за сертификација на шумите во кој ќе бидат вклучени и националните стандарди за одржливо стопанисување со шумите (ОСШ) по PEFC.

За таа цел Советот за одржливо стопанисување со шумите, Ве поканува да земете активно учество во целиот овој процес на национално ниво. За подетални информации за Вашето учество погледнете го документот во прилог или контактирајте не на pefcmk@gmail.com или на телефонскиот број +38971292004.

Со почит,

Dear,

We would like to inform you, that the National bodies for management of PEFC system for forest certification in Slovenia, North Macedonia and Bosnia and Herzegovina starting with development of PEFC regional standard for forest certification in which will be included the national standards for sustainable forest management (SFM) according to PEFC.

For this purposes the Council for sustainable forest management, invite you to take active participation in the process on national level. For more detailed information of your active participation find in the document in addition to this announcement or contact as on pefcmk@gmail.com or on +38971292004.

With Kind Regards

 

Контакт

Адреса: Никола Парапунов 41, објект 5/III/307,
1000, Скопје
Телефон: +389 71 292 004
Email: pefcmk@gmail.com
© RefordCentre.org. All Rights Reserved.
linkedin facebook pinterest youtube rss twitter instagram facebook-blank rss-blank linkedin-blank pinterest youtube twitter instagram