Проект "Управување со енергетско ефикасни општини”

March 1, 2023

Во период од 01 јануари до 31 октомври 2023 година, Регионалниот центар за шумарство и рурален развој –РЕФОРД, заедно со партнерските организации  ЗГ Институт за зелени политики и развој (ИЗПР), Здружение на еколозите НАТУРА Струга и Центар за одржлив развој на заедницата Дебар (ЦСЦД) ќе го спроведува проектот “Управување со енергетско ефикасни општини”, со финансиска поддршка од Цивика мобилитас, во износ од 4.475.971 МКД.

Општата цел на проектот е да придонесе кон поддршка на општините за унапредување на праксите и процесите за енергетско ефикасно управување и надминување / ублажување на последиците од енергетската криза, преку развој и споделување на добри практики и совети базирани на докази.

Специфичната цел на проектот е мапирање на можностите за заштеда на енергија на општинско ниво, јакнење на свесноста и градење на капацитетите на локалните чинители, за енергетски ефикасно управување.

За да се постигне специфичната цел на проектот, проектните партнери ќе ги испорачаат следните резултати:

  • Р.1. Мапирани јавни објекти управувани од страна на четирите целни општини, и идентификувани трошоци за греење, во однос на вид на греење и енергетска ефикасност на објектот.
  • P.2. Зајакнати капацитети на целните општини  за енергетски ефикасно управување.
  • Р.3. Промовирани добри практики и предлог-мерки базирани на докази, за унапредување на енергетската ефикасност на општините во Република Северна Македонија.

Активности:

  • А.1.1. Подготовка на Методологија за мапирање на јавните објекти управувани од страна на општините и категоризација на објектите според енергетска ефикасност, тип на греење и трошоци за греење;
  • А.1.2. Спроведување на мапирање на објектите во четирите целни општини (Берово, Пехчево, Струга и Дебар);
  • А.1.3. Подготовка на општински извештаи / преглед состојба за јавните објекти управувани од страна на општините, и категоризација на објектите според енергетска ефикасност, тип на греење и трошоци за греење;
  • А.1.4. Подготовка на сумарен извештај, со наоди и препораки базирани на докази, што ќе им овозможат на општините најоптимално да го искористат потенцијалот за енергетски ефикасно управување и користење на јавните објекти;
  • А.2.1. Организирање на 2 еднодневни обуки за енергетски ефикасно управување;
  • А.2.2. Организирање на 4 еднодневни, едукативни семинари со засегнатите страни од целните општини за презентирање на наодите од секој поединечен извештај;
  • А.2.3. Организирање на 2 еднодневни работилници со засегнатите страни од целните општини, за верификација на наоди и препораките презентирани во сумарниот извештај;
  • А.3.1. Подготовка на бела книга на политики и мерки, за подобрување на праксите за енергетски-ефикасно управување на општинско ниво;
  • А.3.2. Организирање национален семинар, за претставници на општините и центрите за развој на планските региони, за презентирање на наоди и препораките од сумарниот извештај и на предлог-политиките и мерките прикажани во белата книга.

Контакт за останати информации поврзани со проектот contact@refordcentre.org

www.civicamobilitas.mk

© RefordCentre.org. All Rights Reserved.
linkedin facebook pinterest youtube rss twitter instagram facebook-blank rss-blank linkedin-blank pinterest youtube twitter instagram