Ревизија на македонскиот PEFC стандард PEFC MK 03:2020.

Објава за ревизија на македонскиот стандард за одржливо стопанисување со шумите, PEFC MK 03:2020

Со одлука на Советот за PEFC сертификација, донесена во јули 2025 година, а по претходно спроведена анализа на недостатоци на PEFC MK 03:2020, во согласност со точка 6.3 од документот Процедури за развој и ревизија на стандарди (PEFC BS 02:2020), донесена е одлука за спроведување на редовна (вообичаена) ревизија на PEFC MK 03:2020.

Одлуката за спроведување на редовна ревизија на стандардот е донесена поради неколку важни причини:

  1. Донесен е нов глобален PEFC ST 1003:2024, во кој се содржани 36 текстуални промени. Добар дел од нив се во делот на дефинициите, но има и промени во содржината на стандардот, во кој најголем дел се однесуваат на усогласување со регулативата EUDR, особено во однос на поимот деградација на шумите заради кој е потребно внимателно прегледување на сегашниот PEFC MK 03:2020 и негово усогласување со PEFC ST 1003:2024.
  2. Во собраниска процедура е доставен предлог на нов Закон за шуми, во кој се предвидуваат повеќе промени, меѓу кои и воведување на Управа за шуми и шумска полиција и спојување на сектор за шумска полиција во истиот, промени во надлежности за чување на шумите, преземање на содржината на регулативата на EUDR, значајни промени во дефинициите како забрана за пустошење и деградација на шумите, воведување на шумски информативен систем итн.
  3. При реализација на првата ревизија за ОСШ од страна на MG Global, се утврди исто така потреба од појаснување на содржината на PEFC MK 03:2020 кај некои од соодветните индикатори, како на пример кај критериум 1.1, индикатор 1 (цели на идното стопанисување).

Опфатот на стандардот и натаму ќе се однесува само на шуми и шумско земјиште, дефинирани во согласност со важечката законска регулатива.

Со ревизијата на стандардот се очекува да се постигне негово усогласување со новиот PEFC ST 1003:2024 стандард, со одредбите од новиот Закон за шумите, кој очекуваме да стапи во сила во 2026 година и подобрување, поедноставување и појаснување на одредбите од постојната верзија на PEFC MK 03:2020.

Чекорите кои ги опфаќа ревизијата на PEFC MK 03:2020 се:

- Ажурирање на листата на засегнати страни, август 2025

- Покана за заинтересираните засегнати страни да се вклучат во процесот, јануари 2026

- Дефинирањње на составот на работна група, март-април 2025

- Ревизија на PEFC MK 03:2020, мај - септември 2026

- Јавна консултација од 60 дена, октомври - ноември 2026

- Консензус по содржината на ревидираниот стандард, декември 2026

- Усвојување на ревидираниот стандард во Советот за ПЕФЦ сертификација, декември 2026

- Предавање на ревидираниот стандард на проценка во PEFC Council, јануари 2027

Ревизијата на стандардот ќе биде јавен процес и ќе се одвива според правилата и процедурите опишани во документот Процедури за развој и ревизија на стандарди. Документот е достапен на веб страната: https://refordcentre.org/wp-content/uploads/2023/03/PEFC-BS-02-2020-Standard-Setting-and-Revision-Procedures.pdf

Прашања и забелешки поврзани со содржината на Процедури за развој и ревизија на стандарди или во врска со самиот процес може да се поставуваат по електронски пат на email: pefcmk@gmail.com или на телефонскиот број 071 292 004.

 

© RefordCentre.org. All Rights Reserved.
linkedin facebook pinterest youtube rss twitter instagram facebook-blank rss-blank linkedin-blank pinterest youtube twitter instagram