Почитувани,
Во периодот на јуни и јули 2020, работна група составена од претставници на 16 институции и организации учествуваше во подготовка на работна верзија на македонскиот стандард за одржливо стопанисување со шумите (ОСШ) според барањата на PEFC (Programme for Endorsement of Forest Certification).
Согласно правилата на PEFC, работната верзија на стандардот за ОСШ поминува низ процес на јавна консултација со засегнатите страни.
Јавната консултација започнува на 03.08.2020 и ќе трае заклучно со 04.10.2020 година.
За таа цел Ве информираме дека Вашите забелешки по содржината на стандардот и Дефинициите кои се составен дел на истиот, како и предлози за подобрување и промена може да ги доставите по пат на електронска пошта на следната адреса: saso.petrovski@cnvp-eu.org или на pefcmk@gmail.com.
Притоа истите задолжително се поднесуваат преку формуларот кој е прикачен во овој меил и се бара аргументирано објаснување од Ваша страна за забелешката или предлогот кој го поднесувате. Примените забелешки и предлози ќе ги разгледа работната група и за резултатот (прифаќање или одбивање) по истите ќе Ве известиме повторно по електронска пошта.
За сите прашања може да се јавите и кај лицето задолжено за комуникација за времетраење на овој процес, Сашо Петровски на телефонскиот број: 071 292 004.
Во прилог се поставени линковите до Нацрт верзијата на стандардот за ОСШ и Формуларот во кој може да давате предлози или забелешки по содржината на стандардот.
📝 ПРОЦЕДУРИ ЗА РАЗВОЈ И РЕВИЗИЈА НА СТАНДАРДИ
📝 PEFC Национален стандард за одржливо стопанисување со шумите во Северна Македонија