На 24.02.2025 година, на состанокот одржан во МЗШВ и во присуство на претставници на МЗШВ од секторот за шумарство и ловство, Националната асоцијација на сопственици на приватни шуми, Стопанска комора на РСМ и РЕФОРД се формираше Национален совет за ПЕФЦ сертификација на шумите.
Според одлуката, конкретните обврски на Националниот совет за ПЕФЦ сертификација се:
- да работи на развој / ревизија на националниот PEFC стандард за ОСШ;
- пред поднесување на одобрување во PEFC, да гласа за прифаќање на националниот PEFC стандард за ОСШ;
- да ги идентификација релевантните засегнати страни според барањата на стандардот PEFC BS 02:20XX;
- да предлага и одобрува членови на работната група при носење или ревизија на националниот стандард за ОСШ;
- да подготвува работна нацрт верзија на националниот PEFC стандард за ОСШ кој ќе послужи како основна за понатамошен развој и дискусија во работната група;
- врз основа на искуствата од спроведувањето на стандардот, резултатите од анализата на недостатоците и консултациите со засегнатите страни, носи одлука дали да го реафирмира или да го ревидира стандардот за ОСШ, вклучително и одлука за видот на прегледот (редовен или за уредување на текстот).