Традиционалниот настан Форест Фест се одржа во Берово на 12 декември во организација на
Националното здружение на сопственици на приватни шуми на Македонија. Главната тема на која
се дискутираше во рамките на овој настан беше Превенција и заштита од бесправна сеча во
шумата.
Покрај другите учесници, во рамките на овој настан РЕФОРД ги презентираше постигнатите
резултати од тековниот 4 годишен проект Борба против нелегални шумски активности, кој е
финансиран од САД и спроведуван со поддршка од US Forest Service.
Присутните учесници ја поздравија ангажираноста на РЕФОРД во поддршката за борбата на
целокупното општество во справување со оваа негативна појава која е погубна за шумите во
Македонија.

