Објава за ревизија на македонскиот стандард за одржливо стопанисување со шумите, PEFC MK 03:2020
Со одлука на Советот за PEFC сертификација, донесена во јули 2025 година, а по претходно спроведена анализа на недостатоци на PEFC MK 03:2020, во согласност со точка 6.3 од документот Процедури за развој и ревизија на стандарди (PEFC BS 02:2020), донесена е одлука за спроведување на редовна (вообичаена) ревизија на PEFC MK 03:2020.
Одлуката за спроведување на редовна ревизија на стандардот е донесена поради неколку важни причини:
- Донесен е нов глобален PEFC ST 1003:2024, во кој се содржани 36 текстуални промени. Добар дел од нив се во делот на дефинициите, но има и промени во содржината на стандардот, во кој најголем дел се однесуваат на усогласување со регулативата EUDR, особено во однос на поимот деградација на шумите заради кој е потребно внимателно прегледување на сегашниот PEFC MK 03:2020 и негово усогласување со PEFC ST 1003:2024.
- Во собраниска процедура е доставен предлог на нов Закон за шуми, во кој се предвидуваат повеќе промени, меѓу кои и воведување на Управа за шуми и шумска полиција и спојување на сектор за шумска полиција во истиот, промени во надлежности за чување на шумите, преземање на содржината на регулативата на EUDR, значајни промени во дефинициите како забрана за пустошење и деградација на шумите, воведување на шумски информативен систем итн.
- При реализација на првата ревизија за ОСШ од страна на MG Global, се утврди исто така потреба од појаснување на содржината на PEFC MK 03:2020 кај некои од соодветните индикатори, како на пример кај критериум 1.1, индикатор 1 (цели на идното стопанисување).
Опфатот на стандардот и натаму ќе се однесува само на шуми и шумско земјиште, дефинирани во согласност со важечката законска регулатива.
Со ревизијата на стандардот се очекува да се постигне негово усогласување со новиот PEFC ST 1003:2024 стандард, со одредбите од новиот Закон за шумите, кој очекуваме да стапи во сила во 2026 година и подобрување, поедноставување и појаснување на одредбите од постојната верзија на PEFC MK 03:2020.
Чекорите кои ги опфаќа ревизијата на PEFC MK 03:2020 се:
- Ажурирање на листата на засегнати страни, август 2025
- Покана за заинтересираните засегнати страни да се вклучат во процесот, јануари 2026
- Дефинирањње на составот на работна група, март-април 2025
- Ревизија на PEFC MK 03:2020, мај - септември 2026
- Јавна консултација од 60 дена, октомври - ноември 2026
- Консензус по содржината на ревидираниот стандард, декември 2026
- Усвојување на ревидираниот стандард во Советот за ПЕФЦ сертификација, декември 2026
- Предавање на ревидираниот стандард на проценка во PEFC Council, јануари 2027
Ревизијата на стандардот ќе биде јавен процес и ќе се одвива според правилата и процедурите опишани во документот Процедури за развој и ревизија на стандарди. Документот е достапен на веб страната: https://refordcentre.org/wp-content/uploads/2023/03/PEFC-BS-02-2020-Standard-Setting-and-Revision-Procedures.pdf
Прашања и забелешки поврзани со содржината на Процедури за развој и ревизија на стандарди или во врска со самиот процес може да се поставуваат по електронски пат на email: pefcmk@gmail.com или на телефонскиот број 071 292 004.
