По повеќе од 12 месеци подготовки и работа, ЈП Национални шуми во соработка со РЕФОРД и со поддршка од PEFC Council, спроведе успешна подготовка и реализација на поставената цел за стекнување со PEFC сертификат за одржливо стопанисување со шумите, во согласност со националниот стандард PEFC MK 03:2020.
Дел од процесот на подготовка за PEFC сертификација и соодветно финансирање за спроведување на ревизија од страна на акредитирана сертификациска куќа беше реализирано во рамките на проектот “Поддршка на реформите во шумарството во Северна Македонија“, NEAR/SKP/2022/EA-RP/0036 (Договор бр.: IPA/2022/440-433), проект финансиската од ЕУ и имплементиран од Конзорциум предводен од Партицип ГмбХ“.
Ревизијата беше спроведена во периодот од 12-14 ноември, од страна на телото за сертификација MG Global, кое е акредитирано за ваков тип на проверки.
Оваа активност се спроведе со помош и посветеност на стручните лица во 14 подружници на ЈП Национални шуми, на територијата на 23 шумско-стопански единици, на вкупна површина од 106.000 ха.
Го поздравуваме овој чекор кој за многумина означува почеток на позитивни процеси и повеќе оптимизам за развојот и напредокот на шумарството во Северна Македонија.
∗ ∗ ∗
PE National Forests has obtained a certificate for sustainable forest management according to the requirements of the national PEFC standard!
After more than 12 months of preparation and work, PE National Forests in cooperation with REFORD and with support from the PEFC Council successfully reached the goal of obtaining a PEFC certificate for sustainable forest management, in accordance with the national standard PEFC MK 03:2020.
Part of the process of preparing for PEFC certification and appropriate funding for conducting an audit by an accredited certification body was implemented within the framework of the project " Supporting the reforms in Forestry in North Macedonia", NEAR/SKP/2022/EA-RP/0036, which is funded by the EU and implemented by a Consortium led by Particip GmbH.
The audit was conducted in the period from November 12-14, by the certification body MG Global, which is accredited for this type of verification.
This activity was carried out with the help and dedication of forest experts in 14 branches of PE National Forests, on the territory of 23 forest management units, on a total area of 106,000 ha.
We welcome this step, which for many marks the beginning of positive processes and more optimism for the development and progress of forestry in North Macedonia.