Повик за ангажирање на Продукциска компанија за изработување на едно видео и две анимации

January 15, 2024

Регионалниот центар за шумарство и рурален развој – РЕФОРД, за остварување на целите на проектот ,,Борба против нелегални шумски активности” , финансиран од USDA (United States Department of Agriculture), има потреба од ангажирање  на Продукциска компанија  во склоп на спроведување на Национална јавна кампања за подигање на јавната свест на тема ,,Нелегални шумски активности’’.

Цел на националната јавна кампања е да го едуцира и подобро информира населението и релевантните чинители за негативното влијание од нелегалните шумски активности, начини како да се идентификувааат нелегални активности во шума, но и да го инспирира/охрабри населението да преземе акции за пријавување на нелеглани активности и корупција во секторот шумарство. Истовремено, да допринесе во промоција на проектните активности, цели и резултати, но и промовирање на организацијата спроведувач на проектот и донаторот

Насоки за реализација и обврски на понудувачот:

  • Изработка на едно видео со времетраење до 40 секунди

Концепт на видео: Продукција на видео кое треба да вклучува: локација утврдена според претходно утврдено сценарио со еден статист со улога (дете на возраст од 8 години); дополнителни снимки од дрон на одредена локација низ Македонија; воведна и одведна графика.

  • Продукција на две анимации со времетраење минимум 40 секунди, кои треба да вклучат: 2Д графичка анимација, графички елементи купени од сток, музика купена од сток. Анимациите да бидат подржани со ВО, со нарација на македонски јазик. Секоја од анимациите да почнуваат со кадар од првото видео (тоа да не се брои во времетраење на анимацијата).
  • Видеата да бидат со нарација на македонски јазик, a титлувани на албански и англиски јазик. Да вклучуваат воведна и одјавна графика.
  • Понудувачот е должен да ангажира преведувач за текстот на албански и англиски јазик.

 

 Повеќе информации за услови за аплицирање на повикот може да најдете во Описот на работни задачи

Рок за пријавување

Бараните документи мора да бидат испратени по електронска пошта не подоцна до 22.01.2024, 16.00 часот на следната електронска адреса contact@refordcentre.org со содржина на поракаЈавна кампања/Продукција -ФИФА

© RefordCentre.org. All Rights Reserved.
linkedin facebook pinterest youtube rss twitter instagram facebook-blank rss-blank linkedin-blank pinterest youtube twitter instagram