Во рамките на проектот “Fight Illegal Forest Actions”, во организација на РЕФОРД, на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ – Скопје се одржа обука за Примена на модерни технологии во заштита од нелегални шумски активности наменета за лица кои се професионално ангажирани во шумарството.
На настанот беа присутни претставници на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – сектор за шумарство и ловство; United States Forest Service; Шумска полиција; ЈП Национални шуми; НП Пелистер; НП Маврово; НП Шара и Македонско Еколошко Друштво.
Обуката ја водеа колегите од катедрата за земјиште и вода, д-р Иван Минчев и м-р Божин Трендафилов.
Во рамките на оваа активност е изработено видео материјал кој ја прикажува чекор по чекор постапката за следење на промените во шумската покровност со примена на далечинска детекција. Видео материјалот е достапен на https://youtu.be/KpuueEiuFIo
Воедно, изработено е и “Упатство за следење на промени на шумската покровност преку користење на далечинска детекција”