Почитувани,
Ве информираме дека на 22 и 23 август 2023 година, ќе се спроведува ревизија на одржливо стопанисување со шумите (ОСШ) во ЈП Национални шуми Подружница Ш.С. Малешево – Берово, шумско-стопанска единица Џами Тепе.
Ревизијата ќе ја спроведува сертификациското тело од Бугарија, MG Global.
Ревизијата опфаќа проверка на усогласеноста на стопанисувањето со барањата на PEFC национален стандард за ОСШ, PEFC MK 03:2020.
За таа цел се повикуваат засегнатите страни доколку имаат забелешки и поплаки за стопанисувањето со шумите во оваа шумско-стопанска единица, истите да ги испратат по електронски пат на: p.t.dermendzhiev@gmail.com и на isavov@nqa.bg.