Целта на оваа политика за приватност е да Ве информира во однос на личните податоци кои Регионален центар за шумарство и рурален развој Скопје, РЕФОРД (во понатамошниот текст „контролорот“) ги обработува за вас. Врз основа на Законот за заштита на личните податоци (во натамошниот текст „законот“) при собирање на Вашите лични податоци, ние дејствуваме како контролор и за обработката на истите сме должни да ве информираме. Обработката на вашите лични податоци претставува многу сериозна активност за нас и ги преземаме сите неопходни технички и организациски мерки за заштита на обработката на вашите лични податоци. Воедно, при обработка на Вашите лични податоци секогаш се водиме од начелата поврзани со обработката на личните податоци, предвидени во законот.
Оваа политика се однесува на сите категории на субјекти на личните податоци, чии податоци ги обработуваме во согласност со закон.
Кои сме ние?
Контролор:
Назив: Регионален центар за шумарство и рурален развој Скопје, РЕФОРД
Адреса: ул. „Огњен Прица” бр.11, 1000 Скопје
Контакт мејл адреса: contact@refordcentre.org
Категории на субјекти на личните податоци
Ние како контролор за исполнување на нашите законски обврски, договорни обврски, за нормално функционирање на организацијата, исполнување на целите на проектот, како и во согласност со природата на работењето на организацијата, ги обработуваме личните податоци на следниве категории на субјекти на личните податоци:
Како ги собираме Вашите лични податоци?
Вашите лични податоци кои ги обработуваме односно собираме за вас како посетители на нашата веб страна, за време на вашата посета во нашата веб страна се податоци за навигација односно неопходни колачиња за нормално функционирање на нашата веб страница (повеќе информации во политиката за колачиња).
Исто така, веб страницата ја користиме и за информирање на јавноста со соопштенија, активности, објавување на податоци кои сме обврзани да ги објавиме за организацијата, како
и податоци за контакт (адреса на организацијата, телефонски број, мејл адреса и информации за координаторот за заштита на личните податоци).
Посетители на нашата веб страница
При посетата на нашата интернет страна, за секој посетител се креираат логови со следниве
податоци:
Повеќе информации во политика за колачиња.
Политикa за колачиња (Cookie Policy)
На нашата веб страница www.refordcentre.org, ја почитуваме приватноста на корисниците и обезбедуваме заштита на личните податоци кои се собираат од корисниците кои ја посетуваат страницата додека организацијата има улога на контролор на личните податоци во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Нашата веб страница користи само
неопходни колачиња, кои ни овозможуваат да ви обезбедиме нормално функционирање на веб страницата.
Оваа политика за колачиња (“Cookie Policy”) ги опишува видовите колачиња што ги користиме на веб страницата и целите за нивна обработка.
Внимателно прочитајте ја оваа политика за колачиња за сите детали околу користење на колачињата и информациите што ги собираме за вас и од вас.
Кои колачиња ги користиме и зошто?
Генерално, веб страницата користи колачиња за да ве разликува вас од други корисници на веб страницата. Ова пред сè ни помага да ви овозможиме добро искуство кога ја пребарувате веб страницата и секако ни овозможува да ја подобриме функционалноста на истата.
Колачињата исто така се користат, и со цел да се олесни функционирањето на веб страницата или да се запомнат вашите активности и преференции, да се обезбеди персонализирана/приспособена содржина на веб страницата и за да се прикаже нејзината навигациска историја. Организацијата од својата веб страница собира само неопходни колачиња, кои се врзани за нормалното функционирање на страницата.
Неопходни колачиња ви овозможуваат да се движите низ веб страницата и да користите основни карактеристики на страницата. Без овие колачиња, не можеме да ги обезбедиме бараните услуги.
Контактирајте нè
За било какви прашања слободно можете да нè контактирате на: contact@refordcentre.org