Регионалниот центар за шумарство и рурален развој – РЕФОРД, за остварување на целите на проектот ,,Борба против нелегални шумски активности” , финансиран од USDA (United States Department of Agriculture), има потреба од ангажирање на правно лице за Спроведување на истражување на јавно мислење на национално ниво за нелегални шумски активности, спроведено според претходно утврден методолошки пристап.
За спроведување на активноста се предвидува ангажман на правно лице.
- Профил и експертиза на апликантите:
Организацијата која е подобна за спроведување на активноста е:
- Правно лице кое е регистрирано во Централен Регистар на РСМ;
- Најмалку 3 спроведени истражувања/проекти кои вклучуваат теренски анкети, организирање фокус групи и насочени интервјуа во последните 3 години;
- Најмалку 5 години искуство во организирање на теренски истражувања;
- Да поседува соодветен човечки капацитет (во правното лице или со партнерски правни лица) за спроведување на истражување на национално ниво;
- Во тимот е задолжително да има шумарски инженер и експерт за обработка на податоци (статистика, програмирање или други сродни дејности);
- Да располага со теренски анкетари.
2. Со апликацијата правното лице треба да поднесе:
- Извод од тековна состојба од ЦР не постар од 12 месеци;
- Референци од спроведени истражувања;
- Професионална биографија (CV) за шумарски инженер и експерт за обработка на податоци.
Бараните документи мора да бидат испратени по електронска пошта не подоцна од 01.11.2023, 16.00 часот на contact@refordcentre.org
Повеќе информации може да најдете во Опис на работни задачи