ПОВИК за Експерт за изработка на Анализа на јавното мислење на национално ниво

August 4, 2023

Регионалниот центар за шумарство и рурален развој – РЕФОРД, за остварување на целите на проектот ,,Борба против нелегални шумски активности” , финансиран од USDA (United States Department of Agriculture), има потреба од ангажирање на експерт за изработка на Анализа на јавнотомислење на национално ниво за нелегалните шумски активности, што вклучува: предлог на методологија и анализа на добиените резултати од истражувањето, спроведено според претходно прифатен методолошки пристап.

 Профил и експертиза на апликантите:

  • Лице со завршено високо образование;
  • Повисок степен на образование се смета за предност;
  • Да има искуство во спроведување на најмалку 3 слични истражувања по обем во последните 6 години;
  • Да има подготвено најмалку две анализи или да е најмалку коавтор на истите во последните 6 години.

Со апликацијата експертот треба да поднесе:

  • Финансиска понуда; - Професионална биографија (CV);
  • Референца од спроведени истражувања;
  • Референца од подготвени анализи;

Бараните документи мора да бидат испратени по електронска пошта не подоцна од 14.08.2023, 16.00 часот на contact@refordcentre.org со содржина на порака: Експерт за изработка на Анализа

Повеќе информации може да најдете во Опис на работни задачи

© RefordCentre.org. All Rights Reserved.
linkedin facebook pinterest youtube rss twitter instagram facebook-blank rss-blank linkedin-blank pinterest youtube twitter instagram