Регионалниот центар за шумарство и рурален развој – РЕФОРД, за остварување на целите на проектот ,,Борба против нелегални шумски активности” , финансиран од USDA (United States Department of Agriculture), има потреба од ангажирање на експерт за изработка на Анализа на јавнотомислење на национално ниво за нелегалните шумски активности, што вклучува: предлог на методологија и анализа на добиените резултати од истражувањето, спроведено според претходно прифатен методолошки пристап.
Профил и експертиза на апликантите:
- Лице со завршено високо образование;
- Повисок степен на образование се смета за предност;
- Да има искуство во спроведување на најмалку 3 слични истражувања по обем во последните 6 години;
- Да има подготвено најмалку две анализи или да е најмалку коавтор на истите во последните 6 години.
Со апликацијата експертот треба да поднесе:
- Финансиска понуда; - Професионална биографија (CV);
- Референца од спроведени истражувања;
- Референца од подготвени анализи;
Бараните документи мора да бидат испратени по електронска пошта не подоцна од 14.08.2023, 16.00 часот на contact@refordcentre.org со содржина на порака: Експерт за изработка на Анализа
Повеќе информации може да најдете во Опис на работни задачи