Регионалниот центар за шумарство и рурален развој – РЕФОРД, за остварување на целите на проектот ,,Борба против нелегални шумски активности” , финансиран од USDA (United States Department of Agriculture), има потреба од ангажирање на Маркетинг агенција за спроведување на Национална јавна кампања за подигање на јавната свест на тема ,,Нелегални шумски активности’’.
Цел на националната јавна кампања е да го едуцира и подобро информира населението и релевантните чинители за негативното влијание од нелегалните шумски активности, начини како да се идентификувааат нелегални активности во шума, но и да го инспирира/охрабри населението да преземе акции за пријавување на нелеглани активности и корупција во секторот шумарство. Истовремено, да допринесе во промоција на проектните активности, цели и резултати, но и промовирање на организацијата спроведувач на проектот и донаторот.
1. Насоки за реализација и обврски на понудувачотќ
1.1. Раководење со социјални медиуми и изработка на следните содржини на месечно ниво:
- Раководење со Facebook, Instagram и LinkedIn профили;
- Ажурирање на веќе постоечка интерент страна (описен текст, информации за контакт и останати подесувања);
- Изработка/ дизајн на месечен план за објави со вклучени 5 објави месечно за период од 4 месеци, со фотографија и текст согласно (Facebook, Instagram, LinkedIn);
- Месечно 1 видео (reel) објава на Facebook и Instagram;
- Изработка на месечен извештај за сите активности и платформи.
1.2. Рекламни кампањи на Meta рекламна мрежа:
- Изработка на статични и анимирани креативи (адаптации до 3 димензии) за рекламна кампања на месечно ниво;
- Поставување на кампањи со таргетирање во Македонија и ремаркетинг;
- Поставување и оптимизација на кампњите (демографија и интереси).
- Закуп кон социјални мрежи (Facebook и Instagram).
Повеќе информации за услови за аплицирање на повикот може да најдете во Описот на работни задачи
Рок за пријавување
Бараните документи мора да бидат испратени по електронска пошта не подоцна до 22.01.2024, 16.00 часот на следната електронска адреса contact@refordcentre.org со содржина на порака: Јавна кампања/Маркетинг агенција -ФИФА